Силјановска: Кочанчани, мојата свекрва е од Кичево, леле извинете од Кочани
Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на вчерашниот митинг во Кочани, повторно направи гаф со градовите.
– Почитувани кочанчани, почитувана фамилија Јовановски, мојата свекрва е од Кичево, Јованова. Леле, извинете, од Кочани – рече Силјановска.
Претходно, таа имаше уште еден гаф кога на митинг во Неготино присутните граѓани ги поздрави како „кавадарчани“.