ОЈО Скопје спроведе истрага за осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот заради продажба држел опојна дрога – хероин со вкупна нето маса од 84,01 грама спакувана во седум полиетиленски пакувања. При претрес во домот во кој престојувал осомничениот, освен дрогата, била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од хероин.
„Имајќи го предвид фактот дека лицето претходно е осудувано за истото, но и за друго кривично дело, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат околности кои укажуваат на опасност тој да го повтори кривичното дело или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, велат од ОЈО Скопје.