Сочно пилешко месо со маслинки

Кога сакате да подготвите брз и вкусен ручек, подгответе го ова јадење со пилешко месо.

 

Потребно е:

1 парче пилешки гради
1 поголема главица кромид
1 домат
10-тина маслинки без семки (црни или зелени)
околу 100-200 г фета сирење
маслиново масло
свеж магдонос
сок од лимон
сол, бибер

Подготовка:

– Парчето пилешки гради исечете го на шницли. Посолете ги, посипете со бибер и малку маслиново масло. Испрежете ги на грил тава на рингла од двете трани додека убаво не поруменат.

– Извадете го местото од тавата и ставете го на чинија за сервирање.

– Во истата тава испржете го кромидот кој претходно сте го исекле на тенки ленти. Кога малку ќе омекна додадете го ситно сецканото лукче, доматот исецкан на тенки полумесечинки и маслинките. Динстајте уште неколку минути и потоа тргнете ја тавата, со целата содржина во неа, на страна.

– Зеленчукот од тавата распоредете го над парчињата месо, додадете го и издробеното фета сирење, сецканиот свеж магдонос и на крај прелијте со сок од лимон.

Треба да знаете
Последни објави