Агентот Федерико Пасторело, кој го претставува напаѓачот на Манчестер Јунајтед – Ромелу Лукаку, навести дека неговиот клиент е подготвен да го напушти клубот.
За Белгиецот ова е втора сезона на „Олд Трафорд” и по крајот ќе има уште три години од договорот.
– Времето ќе покаже, но тој сака да запознае нова култура и нов фудбал”, изјави Пастороло за „Скај Спортс”.
Агентот вели дека Белгиецот се надева дека ќе игра во различни земји восвојата кариера.
– Тој сака да каже на своите деца: „Јас освоив тука, таму и таму, бев многу добар играч во сите првенства на највисоко ниво”. Затоа, ќе видиме, тој е отворен за различни опции за иднината, но во моментов не сме загрижени за оваа тема, бидејќи сезоната е на пресвртница. Тој ја сака Италија. Како дете тој ја следел Серија „А”. Денес сите се сигурни дека Премиер лигата е најдобра во светот, но пред многу години најдобра беше Серија „А” и младите фудбалери сонуваа да играат таму, додаде агентот на Лукаку.