Бездомник е починатиот кој вчера вчерта бил пронајден мртов во чекалната на автобуската станца во Скопје, информираше МВР.
Како што објавија медиумите, починатиот половина час никој не забележал дека е мртов додека седел на столче во чекалната.
-На 04.04.2019 во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во чекалната од Меѓуградската автобуска станица имало починато машко лице- бездомник со неутврден идентитет. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во Капела Бутел, велат од МВР.