Во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април и на 15-годишнината од основањето на НВО Национален ромски центар, овој долгогодишен партнер на Амбасадата на Франција в понеделник на амбасадорот Кристијан Тимоние ќе му додели благодарница за ромска интеграција.
Благодарницата се доделува за активностите на Француската амбасада наменети за Ромите во нашата држава.
Од Амбасадата на Франција потсетуваат дека неодамна беа организирани информативни сесии за правата на Ромите или поддршката за истражувањата поради подобро социјално вклучување на млади луѓе од оваа заедница.
Претседателот на Националниот ромски центар Ашмет Елезовски ќе ги претстави своите сегашни и идни проекти во кои Амбасадата и понатаму ќе се вклучува.
Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април е посветен на ромската култура и ја подига свеста за проблемите со кои се соочува оваа заедница со цел да се промовира нејзината интеграција.