(Видео) Железничката станица во Атина блокирана од протестите на мигрантите

Десетици имигранти започнаа протест со седење на железничката станиц „Ларисис“ во Атина со што ги прекинаа сите железнички услуги, надевајќи се дека ќе бидат транспортирани до границата со Грција и им ќе се приклучат кон другите кои очекуваат да се врати миграциската патека кон северна Европа од 2016 година, пренесува „Спутник“.

„Сите железнички услуги се суспендирани поради протестот,“ изјави железничкиот оператор „Трејносе“.

https://www.facebook.com/SputnikEllada/videos/1152518098264096/?t=0

Мигрантите останаа на железничките пруги, а полициската единица за немири ја контролира ситуацијата.

Демонстрантите, наводно, побарале автобус за да ги однесе во областа Дијавата во северна Грција, каде што околу 500 мигранти, вклучувајќи и семејства со мали деца, се собраа по повикот на социјалните мрежи да дојдат до границата.

Треба да знаете
Последни објави