Во Солун уапсена жена поради нелегална трговија со органи

Царинските службеници на солунскиот аеродром „Македонија“ во куфер на патничка, пронашле стерилизирани човечки клетки кои се користат за кератопластика, односно за трансплантација на рожница од окото.

Жената чија националност не е соопштена, е уапсена, а во Солун пристигнала со авион од Москва, објави „Катимерини“.

Според нејзиниот исказ, сметала дека носи кутија за лекови, која требало да ја преземе службеник од туристичката агенција во која работела.

Царинската служба објави дека жената немала законски пропишани сертификати за транспорт на органи наменети за трансплантација, пропишани од страна на Националната организација за трансплантација, што резултирало со одземање на материјалот кој сега се смета за предмет на нелегална трговија со човечки органи.

Треба да знаете
Последни објави