Полицијата вчера ноќа на планината Плачковица ги уапсила Ј.Ш.(28) и А.К.Ш.(25), од Радовиш, кои биле фатени на дело додека вршеле незаконска сеча на дрва. Полицијата ги затекнала при вршење кривично дело пустошење на шума.
Од нив биле одземени дабови огревни дрва, моторна пила и патничко возило „сузуки“ без регистарски ознаки, во кое биле натоварени дрвата.
Двајцата биле задржани во ПС Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава.