Борусија Дортмунд ја отфрли можноста за продажба на Џејдан Санчо по крајот на сезоната. 19-годишниот крилен напаѓач прави извонредна сезона во дресот на „жолто-црните”, откако има договор со Борусија до летото 2022 година.
Во последните денови се појавија различни информации дека Дортмунд веќе има понуди од страна на многу клубови во Европа за правата на англискиот репрезентативец.
– Секој знае дека Џејдан ќе остане кај нас и следната сезона. Нема поставена цена за него, а никој не ни прашал за него, изјави Ханс-Јоаким Ватцке, извршен директор на Борусија.
Тој ги негираше гласините дека Манчестер Сити може да добие процент за можна продажба на Санчо.
– Никогаш не дававме детали од договорот”, вели Вацке.
Дортмунд е на чело во Бундеслигата, а утре гостува на шампионот Баерн Минхен. „Дер Класикер”, кој во голема мера може да го одреди идниот шампион на Германија, започнува во 18:30 часот.