Дутерте: Ако морам ќе прогласам и револуционерна влада

– Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте изрази огорченост поради критиките кон неговата борба против криминалот и предупреди дека ќе прогласи и „револуционерна влада”, доколку мора и ќе ги уапси сите противници.

Дутерте, исто така, нагласи дека е подготвен да се соочи со последиците. – Подготвен сум да ме обесат, подготвен сум на смрт, додаде филипинскиот претседател.

Поранешната претседателка на Комисијата за човекови права, Лорета Ен Розалес појасни дека во државата, според Уставот од 1987 година, е гарантирана слободата на говорот, вклучувајќи ја и критиката кон власта.

Таа рече дека без судската одлука никому не може да му биде одредена затворска казна, освен во некои непредвидени ситуации, како што се војна или диктатура.

Дутерте е познат по кампањата против трговија со дрога, за време на која полицијата уби повеќе од 5.000 луѓе откако тој ја презеде должноста претседател.

Тој го освои претседателскиот мандат со голема разлика во гласовите во 2016 година, врз основа на ветувањето за искоренување на дрогата и криминалот.

Неодамнешните истражувања на јавното мислење покажуваат дека тој и кампањата што ја спроведува против дрогата и натаму имаат голема поддршка меѓу Филипинците. 

Треба да знаете
Последни објави