Кошаркарите на Жалгирис триумфираа на гостински терен против Реал со 86:93, што е нивна прва победа во Мадрид по две децении. Триумфот за Литванците значеше и пласман во четвртфиналето на кошаркарската Евролига.
Екипата предводена од Шарунас Јасикевичијус водеше во текот на целиот натпревар против актуелниот европски првак кој немаше посебен мотив на оваа средба, па и заслужено стигна до триумфот кој му обезбеди осма позиција во регуларниот дел и Топ 8 пласман.
Најдобар поединец на мечот беше гостинскиот кошаркар, Брендон Дејвис кој имаше 27 коша, од кои 12 во последните пет минути од натпреварот, а додаде и десет скока.
Панатинаикос, пак, славеше на домашен терен против Будуќност и тоа убедливо со 87:67.
Без разлика на утрешните натпревари, во четвртфиналето ќе се пласираат Фенербахче, ЦСКА, Реал М, Анадолу Ефес, Барселона, Панатинаикос, Басконија и Жалгирис.