Претседателката на француската екстремна десница Марин Ле Пен и италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини се договорија на 18 мај во Милано да одржат заеднички митинг во пресрет на изборите за Европскиот парламент, соопшти денеска француската партија Национално соединување, поранешниот Национален фронт.
Ле Пен и претседателот на италијанската партија Лига кој е и министер за внатрешни работи, се состанаа во Париз, соопшти партијата.
Салвини се наоѓа во главниот град на Франција, каде што учествува на дводневна министерска средба на членките на Групата седум индустриски најразвиени земји – Г-7.
Двајцата се заложија за јакнење на групата ЕНЛ (Европа, нација и слобода), во која покрај нивната партија припаѓа и австриската Партијата на слободата (ФПО).
Салвини рече дека следната недела ќе упати апел за проширување на оваа група на европски популистички партии во Европскиот парламент. Апелот ќе биде упатен до германската екстремна десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД).