Минималецот во Германија изнесува 1.116 евра

Минималната плата надвор од Европа, на пример во Австралија, изнесува 12,5 евра на час, додека во Западна Европа просечната популација заработува осум евра на час. Меѓу западноевропските земји, Луксембург води со 11,5 евра, а најмалку добива работник во Белгија, 9,5 евра на час. Втората група земји се оние со минимална плата од три до пет евра на час, вклучувајќи ги Словенија, Шпанија, Малта, Португалија и Грција. Третата група ја сочинуваат земјите од Источна Европа, каде што минималната плата е под три евра на час – Бугарија 1,57, Турција 2,53, Украина 0,74 и Молдавија 0,68.

Со минимална плата од 183 евра, работниците во Црна Гора се наоѓаат на најниското европско рамниште соред висината на минималецот, по што следува БиХ со минималец од 208 евра.

Минималната плата секогаш значи континуирани пресметки, додека во БиХ тоа е вештина за преживување. За прв пример може да послужи Германија, која за граѓаните на Босна е синоним за добар живот. Германија има еден од највисоките износи на минимална плата во Европа – барем кога се гледаат апсолутни бројки. Кој работи со полно работно време за минимална плата, месечно заработува околу 1.580 евра бруто. Според ова, Германија се наоѓа на врвот на европскиот просек.

Треба да знаете
Последни објави