Српски автобус изгорел во Германија, а возачот морал да биде пренесен во болница поради гушење со чад.
Во пожарот целосно изгорел автобусот од Куршумлија, пренесуваат германските медиуми и додаваат дека несреќата се случила на автопатот А8 кај местото Холкирхен, по што истиот бил затворен на неколку часа.
Патниците успеале навреме да излезат од автобусот, но возачот морал да биде транспортиран во болница поради гушење од густиот чад, предизвикан од пожарот.
Според податоците на полицијата од Холкирхен, автобусот бил сосема нов.
„Невообичаено толку нов автобус да има таков дефект“, соопштиле од полицијата.