Обвинетиот на 11 март годинава во својот дом во Скопје неовластено заради продажба чувал марихуана со вкупна нето маса од 293,71 грама како исушени врвни делови од растението канабис, хашиш смола, во тежина од 47,5 милилитри со кое биле исполнети пет шприца и шест таблети 3,4 метилен диоксиметамфетамин (MDMA).
Дрогата и психотропните супстанции биле пронајдени при претрес во домот на обвинетиот од страна на овластени полициски службеници.
Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на сега обвинетиот претходно му беше определена мерка куќен притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за продолжување на оваа мерка.
„Со оглед на тоа што постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, велат од ОЈО Скопје.