Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи од дожд, над 25 литри на метар квадратен, кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, како и со пораст на дневната температура.