Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати

Партијата за правда и развој (АКП) на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, побара поништување на локалните избори во Истанбул, објави турскиот весник „Хабертурк”.

Партијата побара поништување на изборите откако првите резултати покажаа дека опозицијата победи во Истанбул.

По изборите што се одржаа во неделата, на 31 март, АКП поднесе приговор на резултатите од гласањето, тврдејќи дека на нив влијаеле неправилности.

„Хабертурк” на својата веб-страница пишува дека канцеларијата на АКП во округот Бујукчекмеџе побарала од покраинската изборна канцеларија да ги откаже изборите во Истанбул поради, како што кажаа од партијата, противзаконско регистрирање на гласачите во округот.

Треба да знаете
Последни објави