Полска пред избори ќе им дава на пензионерите по 200 евра

Полските пратеници по предлог на Владата, изгласаа пред европските избори исплата од 200 евра за секој пензионер во Полска. Опозицијата го осуди потегот како злоупотреба на парите на даночните обврзници за предизборни промотивни цели.

Премиерот, Матеуш Моравиечки порача дека исплатата не е подарок туку голем израз на благодарност, а министерката за семејство, Елзибиета Рафаласка рече дека нивните сакани мајки кои се во пензија ќе ја добијат оваа поддршка.

Законот за исплата на пензионерите е изгласан со големо мнозинство гласови во Долниот дом на парламентот, а треба да го потврди и Сенатот, што е повеќе формален чин.

Треба да знаете
Последни објави