Разрешена мистеријата на „исчезнатиот тинејџер“ од Кентаки

Тинејџерот пронајден во средата во Кентаки не е исчезнатиот Тимоти Пицен, соопшти вечерва ФБИ, кој објави резултати од ДНК анализата, пренсеува “Еј-Би-Си-Њуз”.
Медиумите претходно информираа дека Пицен, кој е исчезнат до 2011 година бил пронајден како скита по улиците на Њупорт, Кентаки.
-Да бидеме јасни, спроведувачите на законот не го заборавиле, ниту ќе го заборават Тимоти, и се  надеваме дека еден ден повторно ќе го обединиме со семејството. Жалам, но тој ден се уште не дојде”, изјави специјалниот агент на ФБИ, Тимоти Бим.
Малиот Тимоти исчезнал во 2011-та година во градот Аурора, во државата Илинои, каде бил со неговата мајка, која извршила самоубиство. Во прошталното писмо рекла дека детето никогаш нема да го најдат и дека е луѓе кои го сакаат.
Во средата гражаните забележале момче кое скита по улиците на Њупорт, по што интервенирала полицијата. Тој рекол дека е Тимоти Пицен и дека успеал да им избега на двајцата киднапери, кои го држеле затворен цели 8 години. Во последно време го чувале во мотел во државата Охајо, а тој успеал да им избега и трчал цели два часа до Кентаки. Тој имал модрици по лицето и изгледал запуштено и вознемирено.
Сепак, истрагата покажала дека тој воошто не е тинејџер, ниту пак Пицен, тук 23 годишниот Брајан Мајкл, кој пред три недели излегол од затвор каде издрѓувал казна за кражби и вандализам.
Тимоти исчезна на 11 мај 2011 година, кога татко му го одвел тогаш 6-годишното момче на училиште, а требало да го земе неговата мајка, Еми Фрај Пицен. Мајката го однела детето на тридневен одмор, биле во зоолошка и неколку водени паркови, за по тоа да биде најдена мртва во мотел во Рокфорд. Полицијата регистрирала дека се пријавила во мотелот сама, без детето и дека извршила самоубиство со сечење на вените на рацете.
Пред да го изврши самоубиството, таа и пратила порака на бабата на Тимоти во која напишала дека го однела детето на безбедно место и дека ќе биде добро згрижен.
Треба да знаете
Последни објави