Компанијата „Самсунг“ во Јужна Кореја започна со продажба на телефонот „Samsung Galaxy S10 5G“, кој е првиот паметен телефон со можност за поврзување на 5G интернет.
Сепак, овој телефон во моментов е достапен само за корисниците во матичната земја во компанијата, известува порталот „Tech Radar“.
Јужна Кореја вчера официјално ја лансираше 5G мрежата, два дена пред планираното, и стана првата земја која ја вовела оваа технологија.
Државата, која важи за технолошка сила, воведувањето на 5G мрежата го постави како свој приоритет кој ќе придонесе за зајакнување на економијата и ќе овозможи 20 пати побрза поврзаност со интернет.