Советот за безбедност на ОН закажа итен состанок за Либија попладнево

Итен итен состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со ситуацијата во Либија е закажан за денеска во 19:00 часот, објави мисијата на Обединетото Кралство во ОН, пренесува „Спутник“. Советот за безбедност на ОН се очекува да се собере за консултации на затворена седница.

Претходно, дипломатски извор изјави за „Спутник“ дека британската мисијата во ОН побарала итен состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со ескалацијата на тензиите во Либија.

„Ал-Арабија“ објави во четвртокот дека маршалот на Либиската национална армија (ЛНА), Калифа Хафтар, им наредил на своите војници да почнат офанзива врз Триполи за да го ослободат градот од терористите.

Хафтар ја издал наредбата откако ЛНА ја презеде контролата врз градовите на Сурман и Гарјан, кои претходно беа под власта на привремената влада на национален договор поддржана од ОН. Хафтар, наводно, ги повикал силите на ЛНА да ја гарантираат безбедноста на странците во Триполи и да не пукаат на цивили.

Во средата, владата на национален договор прогласи општа воена подготвеност откако источните сили предводени од Хафтар објавија дека се движат кон западни делови на земјата.

Либија е вовлечена во политичка криза откако силите на Националниот преоден совет, поддржан од НАТО, го убија поранешниот шеф на државата, Моамер Гадафи. Земјата е поделена меѓу парламентот поддржан од ЛНА, избран во 2014 година, со седиште во Тобрук на истокот и владата на национален договор, формирана по иницијатива на ОН, која претходно ја контролираше Триполи.

Треба да знаете
Последни објави