Украинските граничари спречиле повеќе од 10.000 странски државјани да влезат во земјата од почетокот на годинава, а речиси 2.500 од нив биле руски државјани, изјави портпаролот на Државната гранична служба на Украина, Олег Слободјан, пренесува ТАСС.
„Повеќе од 10.000 странци добиле забрана за влез од почетокот на 2019 година. Од нив, речиси 2.500 се руски државјани”, изјави тој за новинската агенција УНН.
Слободијан истакна дека околу 2.000 странци не добиле дозвола да ја минат државната граница бидејќи биле означени како потенцијални илегални мигранти.
Тој додаде дека главната причина за одбивање на влезот е што на странците им е тешко да ја потврдат целта на нивното патување во Украина.
Државната гранична служба на Украина претходно изјави дека најчесто им е одбиен влезот на руски, турски и молдавски граѓани.