Многумина останаа зачудени кога пред точно една година човекот кој беше „верна сенка“ на Јирген Клоп целата негова кариера, Жељко Бувац одлучи да се раздели со својот долгогодишен пријател и да ја напушти позицијата асистент во Ливерул.
Бувац работеше како десна рака на Јирген Клоп од самите тренерски почетоци на Германецот во Мајнц во 2001 година, а многумина токму него го посочуваа како главниот фактор за успесите на Клоп во кариерата.
Сега, кога една година буквално исчезна од лицето на фудбалот, името на Жељко Бувац повторно се појави на насловните страни во Германија.
Имено, Бувац е прв кандидат да седне на клупата на германскиот гигант Шалке 04 тим кој оваа сезона воопшто не игра според планираното. Ова за 57 годишниот стратег би бил прв самостоен тренерски ангажман.