Шекеринска: Масовно поддржете го Стево, тој е гаранција дека ќе одиме напред

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, попладнево беше помеѓу граѓаните од општина Илинден.

Како што информираат од партијата, на средбите со граѓаните станало збор за досегашните позитивни економски политики, евроатланстките перпсективи, како и можностите за младите што ги носи членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ.

„Младите се нашата иднина и затоа влогот во нив е влог во нашата иднина, влог за сите нас, за подобро утре. Приближувањето на нашата држава кон НАТО и ЕУ донесе бројни придобивки за граѓаните кои веќе се чувствуваат, а со станувањето полноправна членка на НАТО и дел од ЕУ, тие дополнително ќе се инетнзивираат“, посочила Шекеринска.

Таа од присутните граѓани побарала масовна поддршка за Пендаровски на претседателските избори:

„Стево е гаранција дека ќе продолжиме напред кон ЕУ и НАТО, кон напредок и развој. Глас за Стево е глас за сигурен напредок, глас за обединување и помирување, глас за заедничка безбедна иднина и глас за побрз развој на патот кон ЕУ и НАТО“, истакнала заменик претседателката на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави