Градежник од Србија тешко повреден по пад од скеле во Кочани

Градежник од Србија бил тешко повреден по пад од скеле, вчера додека изведувал градежни работи на објкет во Кочани.

Според полицијата, во ПС Кочани било пријавено дека истиот ден околу 8 часот во болницата во Кочани со повреди бил донесен Д.М.(31) од Република Србија.

Според пријавеното, градежиникот, како вработен во фирма од Република Србија, изведувал градежни работи на објект во Кочани. Во еден момент тој паднал од околу седум метри висина.

По укажаната помош тој бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани во присуство на инспектор за безбедност и здравје при работа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави