Куба се соочува со недостиг на хартија, неколку весници го намалија тиражот

Куба вели дека недостигот на хартија ја принудува земјата да го намали бројот на страници и тиражот на неколку државни весници, вклучително и дневниот весник на Комунистичката партија, истакнувајќи ја сериозноста на паричната криза во земјата и недостигот на основни стоки.

Комунистичката влада во четвртокот соопшти дека ја преполовува големината на некои неделници и дневниот весник „Гранма“ во одредени денови поради недостиг на хартија.

Ова е првпат Куба да преземе ваква мерка уште од кризата во деведесеттите години, предизвикана од падот на поранешниот сојузник на Советскиот Сојуз. Истата доаѓа во време кога Кубанците се соочуваат со огромен недостиг на основни производи, како јајца и брашно, поради што мораат да чекаат со часови за истите кога тие ќе се најдат на рафтовите во продавниците.

„Во моментот нема ништо, а кога конечно ќе донесат нешто во продавниците, има огромни редици и мора да се бориме за тоа“, вели Ниурка Фонтана, жителка на Хавана. „Секој ден е сè полошо“.

Додека Кубанците веќе долго време се соочуваат со спорадични недостатоци на одредени предмети поради надворешни влијанија врз државната економија и честопати нефункционално централно планирање, сè поголемиот недостиг на некои основни стоки продолжува да се зголемува.

Земјата, исто така, се соочува со недостигна лекови и месо, што доведува и до високи цени на производите на црниот пазар.

Треба да знаете
Последни објави