Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон се појавија заедно во Лас Вегас на промоцијата на шестото продолжение за „Terminator“.
Станува збор за филмот „Terminator: Dark Fate“ во кој по цели 35 години од првиот филм за Терминатор двајцата актери повторно ги толкуваат главните улоги.
„Многу сум среќен што повторно се сретнуваме, целата екипа е повторно заедно“, вели 71-годишниот Арнолд.
Новото продолжение треба да биде прикажано во ноември, а според многумина тоа ќе биде главен холивудски настан годинава. Филмот е во режија на Тим Милер, во продукција на Џејмс Камерон.
Во шестиот дел, 62-годишната Линда Хамилтон и понатаму ја глуми Сара Конор, која станува лидер на движењето на отпорот на луѓето против роботите.
„Terminator: Dark Fate“ е директно продолжение на Terminator 2, а тоа покренува многу прашања со оглед дека во филмот Џон Конор е жив, T-800 Терминаторот го нема. Покрај Хамилтон и Шварценегер, нови во филмската екипа се Мекензи Дејвис, Наталија Рејес, Габриел Луна и Диего Бонета. Дејството е сместено во Мексико Сити.