Претставничкиот дом ќе го тужи Трамп поради оградата со Мексико

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе го тужи претседателот на САД, Доналд Трамп за да го спречи да потроши милијарда долари на изградба на оградата на границата со Мексико. Ова го соопшти претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, која истакна дека целта на тужбата е на Трамп да му се оневозможи да украде милијарда долари од федералните програми, пренесе „АП“.

Поднесувањето на тужбата против Трамп беше навестена кога тој прогласи вонредна состојба на границата со Мексико, што му овозможи без одобрение на Конгресот да го финансира подигнувањето на оградата.

Одлуката за прогласување на вонредната состојба, Пелоси ја нарече срамна, истакнувајќи дека земањето на пари од различни федерални програми ја поткопало американската демократија.

Конгресот ја поништи одлуката за прогласување на вонредна состојба на границата со Мексико, но Трамп на тоа употреби вето, па мерката остана на сила.

Треба да знаете
Последни објави