Возач од Скопје бил тешко повтеден откако со автомобилот што го возел излетал од патот и се превртел, синоќа на автопатот Велес-Скопје.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 22.30 часот кај месноста Штипска петља кога автомобил „хјундаи ИХ35“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.В.(58) од Скопје излетало од патот.
Возачот бил тешко повреден и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, по што бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.