Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во својот кабинет оствари средба со претставници на ромската заедница во градот.
Како што информираат од општината, на средбата се разговарало за прашања од интерес на ромската заедница во Гостивар, со посебен акцент на активностите по повод одбележувањето на престојниот Меѓународен ден на Ромите.
Се дискутирало и за реализација на проекти предвидени за годинава во две населби во кое живее ромско население, односно изградбата на заштитен ѕид.
„Претставниците на Ромите му се заблагодарија на градоначалникот Таравари за поддршка на еден многу важен проект, кој доаѓа по иницијатива на Абдул Бари, вработен во општинската администрација, за формирање на Фудбалски камп каде што ќе тренираат децата Роми и ќе им се отворат перспективи да се занимаваат со овој спорт“, се наведува во соопштението во однос на средбата.
Таравари ги уверил претставниците на ромската заедница дека тие секогаш ќе ја имаат неговата поддршка и дека тој е посветен секој поединец, група на луѓе или заедница, да ги ужива сите права и еднакви можности.