Човештвото за првпат во историјата избомбардира астероид, јавуваат агенциите. Јапонската истражувачка сонда, „Хајабуса 2“ испушти бомба (2-килограмска бакарна ударна глава), на површината на астероид и го разнесе.
Експлозијата била изведена на 300 милиони километри од Земјата за да произведе вештачки кратер и да се добијат примероци од внатрешноста на астероидот, што ќе служат за дополнителни истражувања, пренесе „Спутник“.
Јапонската агенција за истражување на вселената има добиено фотографија од експлозивната сонда, направена со камерата на „Хајабуса2“.
„Хајабуса 2“ има конусна форма и е опремена со бакарен проектил, програмиран да експлодира 40 минути по одвојувањето од сондата.
Астероидот се наоѓал помеѓу Земјата и Марс.