Велешанецот С.С.(49) го пријавил својот татко за семејно насилство, информираше МВР.
-На 05.04.2019 во 15 часот во СВР-Велес, С.С.(49) од Велес пријавил дека истиот ден околу 14,50 часот во куќата на неговите родители, ја затекнал неговата мајка Д.С.(74) со повреди нанесени од сопругот Л.С.(74). Д.С. била пренесена во Општата болница во Велес. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Л.С. и расчистување на случајот, велат од МВР.