Расел Вестбрук постигна 19 поени и направи 15 асистенции во победата на Оклахома Сити над Детроит со 123:110, а при својата трета асистенција во натпреварот или 730 сезонава обезбеди просек од десет додавања по натпревар до кајо на регуларнит дел од лигата со што трета сезона по ред ќе има типл дабл просек. Ниту еден друг играч во целата историја на НБА не постигнал нешто слично.
Досега во оваа кампања бекот на Тандер има 23.0 поени, 11.1 скока и 10,5 асистенции во просек на натпревар. При четириесет и шестата победа на ОКС сезонава Вестбрук немаше ден во однос на шутот (6/18 од игра), а кон статистиката си додаде и 8 скока, 1 одземена топка и 4 грешки за вкупно 35 минути на теренот.
The Brodie's 3rd assist tonight that set him up for #hist0ry. @russwest44 | #WhyNot? pic.twitter.com/1X4Ib78uY4
— OKC THUNDER (@okcthunder) April 6, 2019
Во 2016/17, Вестбрук го повтори подвигот кој не беше виден од годините кога во лигата настапуваше легендарниот Оскар Робертсон. Но, тој успеа да направи чекор напред и да одигра уште две сезони во исто темпо и да го запише своето име во историските книги.
Оваа сезона стигна до 31 „трипл-дабл“ учинок, а ниту еден од нив не беше поимпресивен од ониј последниот. Во триумфот над ЛА Лејкерс тој стигна до 20 поени, 20 скока и 21 асистенција и стана првиот кошаркар по Вилт Чембрлејн со слични бројки зад своето име.
Пол Џорџ со 30 поени, 8 скокови и 4 асистенции заврши како најефикасен за домаќините, додека Џермејн Грант додаде 19 поени и 7 скокови. Уште тројца од играчите на Били Донован имаа над десет постигнати поени – Денис Шредер (14), Стивен Адамс (14) и Маркиф Морис (12).
Вестбрук постигнал „трипла дабл” во 44.9% од неговите натпревари во сезоната 2018/2019 – процент, поголем од оној при шутот од игра – 42.6%. Покрај сето ова, тој, исто така, исполни ветување што го даде на новинарите пред повеќе од две години – дека ќе му се одмазди на Заза Пачулија за направениот тежок прекршок. Расел го направи ова со неспортски прекршок против грузискиот центар на Детроит.
Блејк Грифин и неговите 45 поени не беа доволни за гостите од Мичиген. Иш Смит додаде 12, Лангстон Галовеј имаше 11, а Реџи Џексон заврши со 10.
Резултати од НБА:
Шарлот – Торонто 113: 111
Орландо – Атланта 149: 113
Вашингтон – Сан Антонио 112: 129
Хјустон – Њујорк Никс 120: 96
Индијана – Бостон 97: 112
Минесота – Мајами 111: 109
Оклахома Сити – Детроит 123: 110
Далас – Мемфис 112: 122
Јута – Сакраменто 119: 98
Феникс – Њу Орлеанс 133: 126 (по продолжение)
Денвер – Портланд 119: 110
Голден Стејт – Кливленд 120: 114
Лос Анџелес Клиперс – Лос Анџелес Лејкерс 117: 122.