Збеснаа кучињата во Аеродром, тројца каснати граѓани

Тројца жители на скопската населба Аеродром биле каснати од кучиња, информираше МВР.

-На 05.04.2019 во 19.30 часот во ПС Аеродром Ф.Х.И.(36) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 11 часот на улицата Февруарски поход бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака. Претходно, во 15.45 часот О.М.(49) пријавил дека на 04.04.2019 година околу 15.30 часот на булеварот АСНОМ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога. На 05.04.2019 во 17.55 часот во ПС Аеродром Д.А.(65) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.40 часот на булеварот Јане Сандански бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога, велат од МВР.

Од полицијата информираат и дека вчера околу 9 часот на улицата Димитрије Чупоски во центарот на Скопје кумановката Л.С.(47) била касната од куче скитник во левата подколеница.

 

Треба да знаете
Последни објави