Хозе Картолос, земјоделец од Колумбија копајќи на имот, пронашол неколку сини буриња во кои имало 600 милиони долари. Се претпоставува дека парите му припаѓале на колумбискиот господар на дрогата, Пабло Ескобар.
Шеесет и петгодишниот фармер претходно добил 3.000 долари грант од државата да насади плантажа со палми на земјиште кое 200 години му припаѓало на неговото семејство. Картолос од тие причини не можел да ги задржи парите, кои ги запленила колумбиската влада и најавила дека ќе ги вложи во патишта и образование.
Владата упати јавен повик до сите земјоделци внимателно да ги копаат нивите бидејќи според информациите, во Колумбија има уште вакви буриња.