Менувањето на ставовите на дневна основа го потврдува лицемерието на Сиљановска
Помина еден ден, кандидатката на Христијан Мицкоски го смени ставот.
На телевизија Телма Сиљановска тврдеше дека Преспанскиот договор е согласно со Уставот и ќе го почитува. На митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола пак Сиљановска тврдеше дека не е.
Кога лаже Сиљановска? Наутро кога вели дека нема да го почитува Договорот и уставното име Северна Република Македонија или навачер кога самата се негира?
За каква правда и правичност зборува Сиљановска кога со секоја изјава потврдува дека е лицемерна и лажно се претставува пред граѓаните.
Сиљановска тврдеше дека не ја признала програмата на ВМРО-ДПМНЕ, иако тоа беше еден од условите да учествува на конкурсот на Мицкоски.
За само неколку дена, Гордана Сиљановска си го покажа лицемерното лице.
Сиљановска не е чесна пред граѓаните.
Затоа граѓаните на претстојните избори ќе изберат вистински претседател, кој искрено и чесно настапува и достоинствено ја претставува земјата, ќе го изберат Стево Пендаровски.