Октријте ја тајната: Што се крие зад 5-те најголеми магионичарски трикови?
Доколку отсекогаш ве фасцинирале перформансите на илузионистите, тогаш погледнете ги следниве 5 популарни трикови и тајните зад нив. Сигурно веќе добро знаете дека најважниот дел од магичната точка е токму изведувањето и одвлекувањето на вниманието од важните делови, со цел да се залажат очите на публиката дека станува збор за вистинска магија, а не за трик со кој се создава илузија. Па, како им успева?
1. Извлекување зајак од шапка
За да го направите овој трик, ќе ви биде потребен зајак, маса прекриена со чаршаф, парче тврд материјал и висока шапка. Земете го парчето црн материјал и врзете ги сите 4 краеви, лабаво. Потоа ставете го зајакот во импровизираната вреќа која ќе ја закачите на кука под масата која ќе биде пред вас за време на настапот. Чаршафот треба да биде наместен така што нема да се гледа вреќата со зајакот. На почетокот од вашиот перформанс, покажете ја шапката на публиката со цел да им докажете дека нема ништо во неа.
Следно, ставете ја шапката на маса, со нејзиниот отвор врз површината на масата. Е сега доаѓа најважниот дел од трикот. Со помош на лесни движења со рацете, подигнете ја капата набрзина и вметнете ја вреќата во неа. За да го одвлечете вниманието на публиката, раздвижете се околу масата со цел да им покажете дека не правите ништо сомнително и потоа вратете се назад, земете ја шапката во вашите раце и покажете им го зајакот на публиката.
2. Чад кој излегува од вашите прсти
Земете кутија за кибрит и отсечете ја едната страна која помага при палење на чкорчињата. Одделете го делот кој се пали од картонот и оставете ја само едната линија наменета за запалување чкорчиња. Превиткајте ја на половина и запалете ја. Дозволете ѝ да изгори, а потоа ослободете се од неа и соберете ги малите остатоци од запаленото.
Тоа што ќе остане е всушност фосфор, и клучната тајна за вашиот трик. Нежно нанесете го на палецот и показалецот и сè што треба да направите е да ги протриете вашите прсти со цел да се појави чад. Откако ќе завршите со настапот, не заборавајте да ги измиете вашите раце!
3. Виткање лажица
За успешно да го изведете овој трик, најпрво ќе треба да сокриете мала сребрена монета во вашата дланка. Кога ќе бидете подготвени да ја „виткате“ лажицата, држете ја паричката така што само врвот ќе ѝ биде видлив. Поставете го почетокот од дршката на лажицата во вашата рака така што ќе изгледа како да ја држите само неа, а не и монетата. Притиснете го овалниот дел од лажицата и обидете се да направите да изгледа како да се трудите многу при нејзиното „виткање“.
Како што го правите ова, дозволете ѝ на рачката да падне од позадината на вашата дланка. На тој начин врвот на паричката ќе почне да се гледа, а со тоа и сите останати ќе мислат дека лажицата навистина се витка.
4. Левитација
На почетокот на овој спектакуларен трик, асистентот на магионичарот (најчесто девојка која носи долг фустан) легнува на маса. Како што го прави тоа, таа се погрижува нејзиниот фустан да падне до подот, криејќи го делот кој се наоѓа на масата, веднаш под неа. Илузионистот потоа почнува со својот трик, правејќи таа да „левитира“ над масата.
За трикот да биде успешен, публиката мора да се увери дека девојката лебди во воздух поради магија. Во реалноста, ефектот се постигнува со помош на специјален механизам за подигнување. За да се додаде на возбудата, илузионистот со помош на обичен хулахоп поминува преку телото на неговата асистентка за да докаже дека нема јажиња кои ја држат. Единствено треба да внимавате хулахопот да биде доволно голем за да може повеќе пати да помине преку девојката без притоа да го допре механизмот за подигнување. Исто така, за време на перформансот, магионичарот мора да внимава да стои на точното место со цел да ја скрие шипката која ја држи неговата асистентка над масата.