Силјановска: Оваа држава не собра сила гласно да прозбори за егејската одисеја

Не знам дали можам да ја изговорам пораката се срамам искрено. Мислам дека сите треба да се срамиме, зошто се работи за една од најголемите, најтегобните, најтешките македонски трагедии. Со право велат повеќето од овде присутни, директно допрени од оваа трагедија дека не се сигурни дали треба да говорат за бегалци и за прогонети, истакна денеска професорката Гордана Силјановска Давкова,на средбата со членови на Сојузот на Македонците од Егејот – Македон.

„За жал оваа држава не собра сила, не најде начин погласно да прозбори за егејската одисеја, за Македонците од Егејскиот дел, кои денеска се распослани по светот и повторно загрижени. Не знам значи дали било потешко тогаш или им е потешко сега“.

На прашањето, како иден претседател како би им помогнала на Македонците од Егејска Македонија да ги зајакнат своите права, Силјановска посочи дека таа, како некој кој предава Уставно право, прашањето го гледа низ светлината на европските документи за правата на малцинствата.

Тоа е Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата и Конвенцијата за регионални малцински јазици. Грција ја има потпишано правата, но ја нема ратификувано. Грчки професори препорачуваат да ја потпише и втората, и да ги ратификува обата. Јасно обзнануваат дека во Грција имало и има малцинства, ама се чини дека проблемот не е грчки туку е и македонски. Ако ние велиме дека прашањето на малцинствата е внатрешно прашање на една држава и дека секое споменување на Македонците во Егејска Македонија значи мешање во внатрешните работи ние имаме сериозен етички проблем.

Треба да знаете
Последни објави