Словенечкиот премиер, Марјан Шарец изјави денеска дека Хрватска се уште е далеку од членство во шенгенскиот простор, не исклучувајќи ја можноста неговата Влада да го поврзе прашањето за словенечка поддршка на Хрватска со нерешениот арбитражен спор околу Пиранскиот залив.
– Што се однесува до шенгенот, Хрватска е уште далеку од исполнување на критериумите за членство и во таа смисла мора уште многу да направи, рече Шарец во интервју за словенечката телевизија ПОП-ТВ.
Одговарајќи на прашањето дали Словенија ќе го блокира членството на Хрватска во Шенген зоната поради нерешеното гранично прашање и арбитражниот спор, тој рече дека „се уште се далеку од точката во која би можело да се зборува за некаква словенечка блокада”.