Јанева нема политички амбиции и ќе истражува чии пари троши Груевски во Будимпешта

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нема политички амбиции, ама пак би конкурирала за прв човек на СЈО, изјави обвинителката во интервју за весникот „Независен“ .

Тааа најави финансиска истрага за парите кои ги троши поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта па покрај финансиската истрага што веќе се води, ќе побараат меѓународна правна помош кои се изворите на пари од кои се издржува азилантот.

– Јас ќе конкурирам доколку се изгласа новиот Закон за јавно обвинителство, односно на конкурсот за избор на специјален јавен обвинител. На тоа имаат право сите обвинители што ги исполнуваат условите предвидени со предлог-законот. Секако, јас не можам да влијаам врз изборот, тоа е работа на Советот на јавни обвинители, вели Јанева.

Таа нема намери да влегува во политиката.

-Немам политички амбиции. Еднаш кажав дека сакам да бидат градоначалник на Гевгелија, тоа не беше политичка амбиција, туку една граѓанска амбиција. Јас не сум многу политички едуцирана, ниту пак претендирам за такви позиции, рече Јанева.

Треба да знаете
Последни објави