Напаѓачот на Рома, Един Џеко се согласи со условите за личен договор со Вест Хем, објави официјалната веб-страница на клубот.
Се шпекулира дека фудбалерот и лондонскиот клуб се согласиле за соработка, но во исто време, Вест Хем се уште не добил согласност за трансферот ос римскиот клуб.
Рома инсистира на 20 милиони евра како компензација, сума што не му одговара на „чеканите”.
Британските медиуми шпекулираат дека Џеко ќе може да ја задржи својата тековна плата, а договорот, доколку е успешен, ќе трае две години.
Оваа сезона, 33-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина одигра 32 натпревари за Рома и постигна 12 гола со осум асистенции. Неговиот договор со калчолигашот важи до летото 2020 година.
Трансфермаркт проценува дека фудбалер вреди 23 милиони евра.