(Видео) Шекеринска: Сè што правиме е за да ги задржиме младите дома и да им обезбедиме иднина

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, при посетата на Радовиш пред граѓаните ги потенцираше најголемите придобивки од интеграциите, истакнувајќи дека најважната е да се задржат младите во земјата и да се обезбеди сигруна иднина.

„Тоа што го постигнавме како Влада и ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО има историски огромна важност бидејќи само по тој пат можеме да ја зајакнеме економијата, да продолжиме да ги покачуваме платите, да бидеме стимул младите да останат дома. Само со европска иднина, со инвестиции, со повисок животен стандард ќе бидеме причина младите да работат и останат тука, кај своите семејства“, изјави таа.

Потпретседателката на СДСМ посочи и дека овие претседателски избори се исклучително важни бидејќи само со вистински претседател државата може да продолжи по вистинскиот пат. Притоа истакна дека таа е уверена оти најсоодветен човек за оваа функција е токму Стево Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави