Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на настан по повод 78-годишнината од бомбардирањето на градот.
Бочварски предводеше делегација од локалната власт која положи цвеќе пред споменикот кај Народниот театар.
„Овој немил настан ќе го паметиме како црна точка од историјата кој нанел огромна штета на многу семејства. Единството во тие мигови било клучното оружје против окупаторот. Војните и немирите се обврзуваме да ги оставиме зад нас и во иднина да продолжиме по патот на европски вредности“, изјави штипскиот градоначалник во рамки на настанот.
Бочварски исто така имаше и свое обраќање на настан во Народниот театар, организиран од страна на цивилните инвалиди.