Мицкоски: СДСМ и Заев се срамат од историјата на државата, а за нас Македонија е емоција и љубов

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Ѓорче Петров. Мицкоски истакна дека изборот за кандидат на СДСМ Стево Пендаровски е избра на мафијашки начин, потенцирајќи дека граѓаните тоа го препознаваат и затоа на 21-април ќе дадат поддршка на кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, бидејќи само таа ќе може да ја донесе правдината во државата

-Избраа кандидат за претседател во еден мафијашки стил, во еден скап луксузен хотел, деспотот си го избра а потоа ја собра Коалицијата на тркалезна маса и одлучија Стево ќе биде. Е нема да биде Стево, Гордана ќе биде, затоа што народот е тој кој што кажува кој ќе биде, вели Мицкоски.

Тој додаде дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е голема бидејќи додека СДСМ, Заев и Пендаровски се откажуваат од се што е македонско и ги распродаваат националните и државните интереси, за  ВМРО-ДПМНЕ Македонија е емоција и љубов.

– Ние мислиме за Македонија од прв до последен, од почетокот до крајот на денот, е тоа не прави нас поразлични од вас, господо од СДСМ. За нас Македонија е емоција, за нас Македонија е љубов, за нас Македонија е прва и последна љубов, за нас Македонија е и соседот, роднината, колегата, за нас Македонија е и другарот, партијата, коалицијата, за нас Македонија е се, тоа не прави нас поразлични од вас господа од врхушката на СДСМ, нагласи претседателот.

Мицкоски посочи дека додека ги додека тој и ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат Македонија држава за сите граѓани додека пак СДСМ и Заев од државата гледаат само бизнис интереси и пари, додавајќи дека тие се срамат од историјата на државата.

-Они ја забораваат историјата и минатото, терет им се. За нас иднината се темели на минатото и историјата. За нив историјата и минатото им се сидро кое што не им дава да одат напред, а за нас е едро кое што со ветерот кој дува во него не води напред во Европа и Светото. Тоа е Македонија каква ние ја сонуваме, а они имаат проблем со самите, а ние заедно со народот имаме проблем со нив и тој проблем заедно со народот ќе го решиме на 21 април а потоа и на 5 мај.  За да сосема на крај на предвремени парламентарни избори дефинитивно заминат на темната страна на историјата, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со победа на претседателските избори ќе се отвори патот и за предвремени парламентарни избори со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ја понуди најквалитетната и најдобрата програма за граѓаните составен од три дела.

-ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија ја подготви и ќе ја доработи најсложената, најбенефитната, најдобрата изборна програма со која ќе излеземе пред граѓаните. Таа изборна програма ќе се темели на три столба, првиот столб е подобар квалитет на животот на нашите сограѓаните, вториот столб е економија,  работни места и третиот столб е македонизмот, бидејќи без македонизмот нема вредности во иднина, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски истакна дека неправдите направени од СДСМ мора да престанат споменувајќи ги пресудите за 27 април каде што луѓе кои што си ја сакаат државата се осуден на казна затвор поголема од два века, додека ак вистинските терористи добиле смешни казни од по 6 години.

-Неправда е кога на патриотите им давате казна од два века а на терористи од ИСИС вратени од боишта им давате казна трипати помала од таа на патриотите. И нема да има мир се додека таа неправда не ја исправиме, појасни тој.

Мицкоски побара од граѓаните мобилизација, обединување и заедништво за проф. д-р Гордана Силјановска Давкова бидејќи само така ќе се победи злото кое надвиснало над татковината.

-Доаѓа зората, пред зората е најтемно, но доаѓа и изгрева зората, доаѓа зората на слободата и ја носи правдата во Македонија за Гордана Силјановска Давкова иден претседател на Република Македонија, сложно, обединето и сплотено, заврши Мицкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави