СДСМ: Нашите функционери поднесуваат пријави во антикорупциска, Комисијата треба да се позанимава и со ВМРО-ДПМНЕ

Денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден од низата обиди да добијат ситен политички поен преку пласирање лажни вести и невистини, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Наум Стоилковски кој кажа дека функционерите до антикорупциска не доставуваат информации за вработувањата на нивните роднини.

Од владејачката партија ја уверуваат јавноста дека сите пријави на функционери на СДСМ до Државната комисија за спречување корупција се доставени согласно законските обврски, а, како што велат, анкетните листови се јавно достапни.

„Ја охрабруваме Комисијата да продолжи со истражувања на сите процеси на вработувања во јавната и државна администрација на роднини на функционери на СДСМ, но и на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во партиското соопштение во кое се наведува и дека граѓаните веќе ја препознаваат опозициската партија како извор на лажни вести.

Треба да знаете
Последни објави