Комеморација за Билјана Беличанец утре во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода утре ќе одржи комоморација за поранешната градоначалничка на општината, Билјана Беличанец Алексиќ, која вчера се самоуби со бесење во својот дом.

– Почитувани, Ве известуваме дека комеморацијата по повод смртта на прерано починатата поранешна градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓа Билјана Беличанец ќе се одржи утре, 08.04.2019,  понеделник, со почеток во 15 часот во новоизградениот Дом на културата КВК во Општина Кисела Вода, информираат од Општината.

Треба да знаете
Последни објави