Луксузните лустери од Белата палата завршија во цркви и манастири

Лустери од т.н. Бела палата на ВМРО-ДПМНЕ биле донирани во цркви и манастири низ Македонија, објави на својот Фејсбук профил пратеникот Јохан Тарчуловски. Според него оваа одлука била донесена од лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

„Огромна благодарност до претс. на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кои се извадени од централниот штаб, а кои беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата „Св. Никола“ село Љубанци ќе ви е вечно благодарна“, напиша Тарчуловски.

https://www.facebook.com/Johan.Tarculovski/posts/2240796065963422?__xts__%5B0%5D=68.ARBVD2tDsiSeYnOhf4Za9B6PIkOnbUY7RPySyfNH0_hw1yg0lrUchOToyphpi8Cx5OI63-XxBtMcy3vduDDIY9YDtNaTOgsg-9sxXu_jxEH6MwvBm7ByVyVVS7GDxDSLiFDGEo_Ml9PlzSMqdEo9eIpnV9LDbtwd_Z_DiCwANlvYH-Tuwg5GU_77weYf3dxyR-gXD1Gj85zvs6w5OeGtyj2fhmrdnnHQiEk3EcALIuwhz4SN3ewno29PQAvvSlj5U_UHVgys951RSb3xeqjEDKs8bFT1NKrRRTBvh9n3cTbQZqYt2iTTSRKlf65A24uihlkwZ3HnzTp9V8a-OMUCgmN8GA&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави