Мајами само со теоретски шанси за плејоф

Екипата на Мајами хит вечерва во драматичен финиш загуби од Торонто Репторс со 117:109 и шансите за пласман во плејофот од НБА-лигата ги сведе на теорија.

„Жешките” добро го почнаа мечот и на полувреме водеа со 57:50, но канадскиот тим до крајот на основните 48 минути се избори за продолжение кое го реши во своја полза со 14:6.

За Торонто ова беше 57 победа наспроти 24 порази, ефект доволен за втора позиција во Источната конференција.

Мајами е на 9.место со биланс 38 победи и 42 пораза.

Треба да знаете
Последни објави