Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР и со лекари по судска медицина синоќа извршиле увид во станот во Скопје, каде беше пронајдено почината Билјана Беличанец.
-Безживотното тело на починатата го пронашол нејзиниот сопруг, кој ја известил полицијата.
Телото на починатата е предадено за обдукција, а јавниот обвинител издаде и наредба за вештачење на трагите подигнати и обезбедени на лице место, рекоа од ОЈО.